Добивај вести на Viber
Истражувањето на научникот Пол Кели од Универзитетот во Оксфорд покажува дека најдобо е работното време да почнува после 10 часот.
Тој дошол до заклучок дека ако работникот оди порано на работа, ќе биде помалку сконцентриран и продуктивен.
Според Кели, биолошкиот ритам на луѓето пред 55 годишна возраст е синхронизиран со работно време од 9 до 17 часот. Тогаш човекот е порасположен, сконцентриран и поефикасен.
Професорот смета дека компаниите во кои работното време почнува порано од 10 часот, штенто влијаат врз продуктивноста на вработените, но и врз здравствената сосојба.
Истото го смета и за наставниот дел. Неговите експерименти и истражувања покажале дека просечен 10 годишен ученик не може да се фокусира пред 8 30 часот, а 16 годишник пред 10 часот.
Кели верува дека поместувањето на наставниот ред ќе ги зголеми оценките на учениците за 10 отсто, а на студентите за 19 отсто.