Рахој дури е подготвен и да ја укине автономијата на Каталонија
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2017
Шпанскиот премиер Маријано Рахој нема да дозволи Каталонија да се отцепи од Шпанија за што владата ќе ги употреби сите уставни надлежности за да го замрзне автономниот статус на се повеќе проблематичната покраина.
Во интервју за шпанскиот весник „Паис“ премиерот Рахој посочи дека „не е исклучено апсолутно ништо што е во рамки на законот“ што значи можеби ќе го активира членот 155 од Уставот, кој му дозволува на премиерот да ја распушти регионалната влада и да распише нови избори во некоја област.
– Во идеален случај не е потребно да се преземаат екстремни решенија, но за да не се случи тоа, работите треба да се сменат, истакна Рахој.
Премиерот на Шпанија нагласи дека планира се додека не заврши кризата да ги остави во Каталонија 4.000 полицајци кои беа ангажирани вообласта поради референдумот за независност на 1 октомври.