28 Април, 2024
0.0241

Раноградинарското производство пред амбис?!

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Големи проблеми имаат производителите на раноградинарските производи. Се жалат дека нивниот род не е конкурентен ниту на домашниот пазар, сеуште е нерешен статусот на земјиштето, скапи се  енергенси, а ниски субвенциите. Велат дека изминатите години трошоците се неколкукратно зголемени, а Владата нема слух да им помогне. „Имате нершено прашање со земјиштето. Автоматски не можете да аплицирате за кредити во банките, ниту пак за средства од ИПАРД. Со тоа вие практично немате ниту развојна компонента, ниту пак можете да ги модернизирате оранжериите. На некој начин сте ставени во незавидна положба, не знаете што ќе се случи утре со оранжериите“, револтирано изјавува Васко Ристовски од Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија во Стопанската комора на Македонија. Производителите побараа итна средба со претставници на надлежните институции, но и со катастарот. Според Ристовски,  последните измени на Законот за земјоделско земјиште направиле уште поголема забуна во однос на сопственоста. Цената на мазутот, додава то,  од 2007 до 2013 година е зголемена за 249 проценти, а на геотермалните води од 1,8 денари за метар кубен на 8,4 денари. „Производната цена на еден килограм домат, согласно сите овие околности, достигнува околу 40 денари. Од друга страна, веќе имате конкуренција на пазарот од Албанија, Турција, Кина од каде еден килограм домат со транспортни трошоци чини 30 денари“, забележува Ристовски. Во Македонија има вкупно 17 оранжерии на површина од 240 хектари. Во нив се вработени над 1.300 лица додека три четвртини од производството оди за извоз.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?