02 Мај, 2024
0.0460

Растот на цените на нафтата ги руши владините надежи да собере повеќе пари од акцизи

Објавено во: Економија 22 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Државата собрала во буџетот од акцизи нешто над 8 милијарди денари во првите пет месеци годинава. Сумата е само 35 отсто од планираните приходи по овој основ за цела година и тоа од проекцијата која е направена со ребалансот годинава кога очекувањата беа намалени поради кризата предизвикана од коронавирусот. Имено Владата со ребалансот предвидува во 2020 година приходите од акцизи да бидат 23,4 милијарди денари. Акцизните давачки се значаен дел од даночните приходи во буџетот, а Владата во април годинава дури одлучи да ги зголеми овие давачки за нафтените деривати. Во обид да реализира поголеми приходи во буџетот акцизите беа зголемени за три денари. Сепак завчера мораше да се откаже од еден денар акциза која ја пресметува на бензините затоа што порасна цената на нафатата на светските берзи. Со ова практично се срушија и владините очекувања за зголемување на приходите во буџетот

КАКО ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЈА НАМАЛИ АКЦИЗАТА

Кога во април годинава Владата одлучи да ја зголеми акцизата за три денари на нафтените деривати, зголемувањето го врза со цената на нафтата. Дополнителните акцизи треба да се менуваат со растот на цената на нафтата. Сега кога на пазарот нафатата поскапува, тоа значи намалување на акцизата.

„Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  месецов на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10ppm, кое служи како основа за пресметка цените на бензините е повисока од 390 долари за тон.Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба,дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 денари на 2 денари, изјави завчера Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Ова намалување ги поевтини бензините додека дополнителните акцизи за останатите деривати, односно гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење, останаа на исто ниво.

КОЛКУ ПАРИ СЕ ОЧЕКУВАА

Зголемувајќи ја акцизата за три денари, односно воведувајќи дополнителна акциза, Владата очекуваше до септември да собере во буџетот дополнителни 18 милиони евра по овој основ. Ако акцизата од три денари се задржеше до декември зголемените приходи ќе изнесуваа плус 31 милион евра. Во април од Владата тврдеа дека зголемувањето на акцизата граѓаните нема да го почувствуваат затоа што цената на нафтата од јануари до тогаш беше намалена за 20 денари, па зголемувањето на акцизата не значеше многу повисока малопродажна цена. Планот беше ако нафтата поскапи за десет денари, акцизата да се намали за еден денар, а ако цената на нафтата се зголеми за 20 денари, тогаш зголемената акциза да се врати на нивото до април односно да се намали за три денари.

Во 2019 година во буџетот биле наплатени 240 милиони евра од акциза на нафтените деривати. Во 2020 година Владата предвиде за 15 милиони евра повеќе. Сепак со падот на цените, очекуваше да собере 45 милиони евра помалку.

Како што веќе пишувавме Министерството за финансии изработи анализа за тоа кои се аргументите за зголемување на акцизата.

Александра Томиќ



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија