04 Мај, 2024
0.0253

РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ: Дали Црногорците по влезот во НАТО живеат подобро?

Објавено во: Економија, Балкан 02 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Црна Гора е дел од НАТО алијансата од 2017 година, но за тоа дали членството донесе економски просперитет и подобар живот за граѓаните, мислењата се поделени.

Едни велат дека е подобро, други допрва чекаат да видат резултати. Жителите на градот Цетиње, кој е значаен културно- историски центар во земјата, велат дека за младите нема некоја перспектива, а повеќето граѓани земаат плати пониски од просечната која е нешто над 500 евра.

„Секако ќе има повеќе инвестиции, ние се надеваме дека ќе има и овде во Цетиње, не само во Подгорица. Како и секаде кој сака да работи, ќе заработи. Платите се од 300 до 500 евра“, вели Мирјана Вукичевиќ, претприемач.

Но, има и други кои велат дека промени нема и дека пред НАТО и по НАТО, живеат исто. Потврдуваат дека Цетиње е еден од градовите со највисока стапка на невработеноста во државата.

„Мислам дека е исто, нема нови работни места. Сите фабрики кои работеа на територија на Цетиње се затворени, сите поголеми претпријатија се затворени, сега работат институциите од културата, функционира она што е државно, тие места се потполнети, нема нови. Има луѓе со факултет кои чекаат работа, магистри исто така. Има и иселување. Луѓето го напуштаат Цетиње, и одат во околните градови, Подгорица или Будва, па и во странство. Просекот е 510 евра, но, има и плати од 300 евра. Тоа се луѓе кои се со средно училиште, но и со факултет, кустоси, конзерватори,  библиотекари не земаат плата од 500 евра“, вели Исидора Ковачевиќ, граѓанка.

Друга повозрасна жена се надева дека ќе се намали стапката на невработеност, а ќе се зголемат пензиите и платите.

„Не можам да кажам дека живееме добро, но не е ниту лошо. Некој живее поубаво, некој полошо. Цетиње е мал град, околината е лоша. Подгорица, Будва и Никшиќ се поразвиени градови. Нема некоја перспектива за младите. Бегаат луѓето кој како ќе се снајде, а моите деца засега се тука, не се иселиле уште“, додава таа.

Во градот Котор кој е преплавен со руски, италијански, француски туристи и гости од регионот, велат дека промени има и ќе биде уште подобро. Тие се оптимисти дека ги чека подобра иднина.

„Подобро е во секоја смисла. Има многу туристи и ќе има. Во Котор се живее подобро откако сме во НАТО, и ќе биде уште подобро“ , вели продавачка на сувенири на влезот од градот.

Oд граѓанските иницијативи кои излегоа на протести изминативе месеци, не сакаат да ја коментираат оваа тема затоа што велат дека општеството е поделено за тоа дали има економски бенефит од членството во НАТО или не.

Членството на Црна Гора во НАТО беше прво проширување по приемот на Албанија и Хрватска за членки на Алијансата во 2009 година, а Русија беше против.

Македонија полага големи надежи дека членството во НАТО ќе донесе инвестиции.

Првите поголеми економски придобивки се очекува да бидат видливи за македонските граѓани по една година од членството. Ова го покажува искуството на земјите од регионот.

За споредба, Црна Гора за една година од членството во НАТО забележала процентуален пораст од 147 отсто, додека Албанија во петте години по влезот во НАТО, споредено со претходниот период, имала двојно повеќе странски инвестиции.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски