10 Мај, 2024
0.0239

Разрешен првиот човек на Федерацијата на фармери – откриени неправилности во работата

Објавено во: Агробизнис 05 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Управниот одбор на Федерацијата на фармери на Република Македонија го разрешил од функцијата досегашниот претседател на Федерацијата Андрија Секуловски. Одлуката била донесена уште на средината на февруари, со мнозинство гласови, откако биле констатирани неправилности во работата на Секуловски. Нема повеќе детали за какви неправилности се работи. Како што беше соопштено денеска, Управниот одбор на ФФРМ го назначил досегашниот заменик претседател Мемет Синани за претседател на Федерацијата. Оваа функција Синани ќе ја извршува до крајот на март кога треба да се одржи Редовното Изборно собрание на Федерацијата на фармерите на РМ.