РАЗРЕШУВАЊЕ НА СУДИИ: Има 110 претставки - кои звучни имиња се меѓу нив?
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018
Судскиот совет задутре ќе почне да ги разгледува претставките за разрешување судии. Станува збор за 110 претставки. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти.
Три претставки има и од Специјалното јавно обвинителство, а подносители на претставките се и адвокати.
Судскиот совет ќе треба да решава и за иницијативите за разрешување на судиите од Врховниот суд - Јово Вангеловски, Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.
Според најавата за седницата в четврток на веб-страницата на Судскиот совет, расправата по барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија и донесување одлука е шеста точка на дневниот ред на седницата.
Расправата по оваа точка, како што е наведено во соопштението, ќе се води зад затворени врати.