07 Мај, 2024
0.0239

Ребалансот на буџетот „се дави“ во Собрание-Поплавените чекаат „милост“

Објавено во: Економија 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Веќе две недели пратениците расправаат за ребалансот на буџетот со кој треба да се обезбедат средства кои ќе бидат наменети за целосно обештетување на штетите од поплавите од 6 август кои го зафатија скопско и тетовско.

И додека опозицијата и власта се расправаат дел од поплавените семејства уште чекаат помош.

Граѓаните продолжуваат со хуманитарните акции и собираат помош а некои директно ја носат до семејствата на кои им е потребна.

На групата на социјлната мрежа Фејсбук која е насловена како „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ се уште може да се прочитаат бројни барања и апели за помош. 

Некои дури пак тврдат дека не поминала никаква помош ниту пак црвен крст на нивните улици.

Снежана Бојаџиева вели дека таа и нејзиното семејство биле оставени сами на себе.

„Дојдоа ми проценија 100% штета но за жал ме нема на списоците за аванс. Бев до МТВ едвај додјов до еден судски проценител кој по извршената проверка на папките со документи ми рече повторно да поднесам барање во општина да дојдат на увид и ме праша дали сум сликала со мобилен...кога го прашав зошто ога веќе еднаш помина комисијата не знаеше што да ми одговори...ми зема контакт телефон демек ќе ме контактирал во текот на денот но воопшто не се јавил досега..се прашувам зошто мене ме нема на список а сите други околу мене ги има и каде отиде мојата папка...се задолжив за да почнам од нула зошто водата се ми однесе а сега каде нема да можам да ги вратам долговите никогаш нема да можам да купам основни работи за нормален живот ниту пак го санирам ѕидот на собата кој ќе ми падне.. Додека некои непоплавени ќе си ги уредуваат фасадите и купуваат нови работи а јас немам ништо ...“, си ја кажува маката Бојаџиева на социјалната мрежа Фејсбук.

Како што досега пишувавме неодамна обрзложувајќи дека требаат пари за отштета на граѓаните по основ на поплавите, а само неполн месец откако Владата на странските пазари позајми 450 милиони евра преку издавање на Еврообврзница - владата скрои нов, ребалансиран Буџет.

Во Ребалансот на Буџетот се посочува дека ќе се обезбедат 36,4 милиони евра за отштета, иако претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека за оваа намена се потребни 33 милиони евра.

“Со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се обезбедуваат дополнителни средства во износ од 2.240 милиони денари за постојана резерва за надминување на последиците од настанатата елементарна непогода. Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит“ – се вели во предлог Ребаланс на Буџетот.

ПАРТИИТЕ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛКУ НОВИОТ РЕБАЛАНС

СДСМ е против новиот ребаланс бидејќи според нив има доволно средства во буџетот, чија пренамена може да ги покрие целото обесштетување, а од вкадеачката партија тврдат дека ставовите на СДСМ се политички предизборен маркетинг. Од ДУИ побараашто побрзо да се изгласа ребалансот, а ДПА пак тврди дека ребалансот е антиалбански. Каде се крати ….

Со ребалансот на Буџетот, се намалуваат средствата за Влада на Република Македонија, Служба за општи и заеднички работи при Владата, помалку пари ќе има и Министерството за одбрана на ниво од 93.4 милиони евра.

Со новиот предлог се намалуваат и средставата за Министерството за вантрешни работи на 180 милиони евра а со помалку апри ќе располагаат и Министрството за надворешни работи, Министерството за финансии но се зголемуваат тршењата на Министерството за финансии – функции на државата, од каде се сервисираат обврските на државата. Се намалува и буџетот на Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, кој сега со ребалансот на буџетот ќе изнесува 55,6 милиони евра. Намалување има и кај раходите на Министерството за земјоделство, со намален буџет на 14,7 милиони евра. Средствата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остануваат на исто ниво но се намалуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

И Министерството за образование не го преживеа ребалансот, па така расходите на овој, еден од најглозамните резори, се сведуваат на 372 милиони евра. Со помалку пари ќе располага и Министерството за труд и социјална политика, чиј буџет ќе изнесува 645 милиони евра. Ребалансираниот буџет ги намали и средствата на Министрството за здравство и на Министерството за култура.

Со ист буџет останува Министерството за економија, заедно со Агенцијата за промоција на туризмот, Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции.

Буџетскиот дефицит подлабок, повеќе пари за плати ..

Со новите проекции буџетскиот дефицит се продлабочи, од 3,7% од БДП на 4% од БДП или во апсолутен износ тој ќе изнесува скоро 376 милиони евра што е за 31,5 милиони евра повеќе во однос на сегашните позиции.

Буџетски дефицит:

Буџет 2016 344,4 милиони евра

Ребаланс на Буџет 375,9 милиони евра

Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да го одржи на исто ниво, надворешното да се намали, но затоа има зголемување на ставката кај државни депозити, односно до крајот на 2016 година ќе се посегне по трошење на парите од државната  сметка.

Со предлогот, буџетските приходи остануваат на исто ниво од 2,8 милијарди евра, додека буџетските расходи се зголемуваат на 3,2 милијарди евра. На расходната страна, се зголемува ставката за плати и надоместоци. Така, до крајот на годината Владата само по овој основ планира да потроши 431 милион евра.

Од друга страна, се намалуваат расходите за капитални инвестции за 3,3 милиони евра. Сега, со новиот буџетски предлог Владата за оваа намена планира да потроши

При овој ребаланс има повторно кратење на капиталните расходи за 3,3 милиони евра и тие ќе изнесуваат 363 милиони евра. Намалување на трошењата за капитални раходи имаше и претходниот ребалан на Буџетот. Токму кај оваа ставка, според податоците за Извршување на Буџетот за јуни има и позначајно потфрлување. Имено, заклучно со првата половина од годинава нивната реализација изнесува само 27% од проекцијата.


Можеби ќе ве интересира

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји