27 Април, 2024
0.0304

РЕКОРДЕН ЕГЗОДУС: „Билет во еден правец“ извадиле над 24 илјади Македонци кон Германија

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Билет во еден правец“ и егзодус на над 24 илјади Македонци во 2015 година кон Германија е исходот на беспарицата, која ги принудува граѓаните на земјава да заминат во подобар живот.

Невработеноста и економската зависност од родителите исто така се причината која ги тера младите да заминат далеку од семејниот покрив.

Рекордни бројки вкалкулирани од германските статистички служби.

Само во 2015 година, над 24 илјади македонски државјани ја напуштиле својата татковина, а од нив, 12 илјади останале, ги пренесува Дојче Веле податоците од германски извори. Бројката на доселеници се приближува до рекордни 100 илјади.

Податоците покажуваат дека трендот на масовно иселување од Македонија кон Германија драматично се засилува во последните години. Во 2014 година, нето-приливот (државјани кои останале во Германија) изнесувал околу 6 илјади луѓе. Во 2015 година, таа бројка е удвоена.

Бројките на германскиот Завод за статистика покажуваат дека над 30 проценти од македонските државјани кои престојуваат во земјата се тука, засега, привремено. Од оние кои биле регистрирани заклучно со декември 2015 година, 13 илјади имале дозвола за престој со траење до една година, а нешто над 18 илјади луѓе има дозвола за престој во времетраење од една до четири години.  Статистиката не ги опфаќа македонците кои имаат бугарски пасош бидејќи Германија лани го олесни начинот на издавање работна дозвола на земјите од Западен Балкан.

Најмладите најчесто заминуват

Според старосната категорија, најбројни од Македонци кои имаат постојан или привремен престој во Германија се лицата на возраст меѓу 20 - 45 годишна возраст

Податоците се дека речиси секое второ младо лице ја напушта земјата поради безпарицата, невработеноста и економската зависност од родителите.

Загрижувачки е податокот дека речиси 33 проценти од младите сакаат да се иселат засекогаш од Македонија, додека половина од младите сакаат само да заминат од тука.

Анализите на дел од невладините организации  покажуваат дека не само високообразовните кадри, туку генерално се повеќе млади лица иднината ја гледаат во западно европските  и преку океанските земји. Високата стапка на невработеност, нискиот стандард, и вработувањата по партиски клуч се главните причини што речиси половина милион македонци ја напуштиле земјава од нејзината самостојност. Разочараноста од образовниот систем во земјата и партиските вработувања се загрижувачки, младите немаат шанса  да дојдат до израз па затоа решаваат со својата диплома среќата да ја побараат надвор од земјата.

Најчесто младите како дестинација ја избираат западна Европа.

Како да се спречи одливот на мозоци? 

Министерството за образование,наука и култура пред три години донесе Национална стратегија за намалување на одливот на високо образовен кадар и во нејзе се предвидуваа неколку мерки за спречување или намалување на одливот на мозоци. Неодамна и од министерството за образование наука и култура  потврдија дека процентот на високообразовните кадри кои заминуваат од земјава е висок, но велат дека сеуште е рано да се видат ефектите од стратегијата. 

И во последниот извештај на Светска банка се посочува дека загубата на одделни видови на професии во форма на одлив на умови е особено изразена во Македонија, а секој од високообразовните граѓани кој има шанса заминува во странство. Според достапните податоци речиси 30 отсто од високообразовните лица живеат во странство , а над 85 проценти од младите  во завршни студии се изјасниле дека својата иднина ја гледаат надвор од границите на државава. А токму овие високообразовани кадри се важни за севкупната економија и за подигнувањето на бруто-националниот производ. Експертите велат дека за решавње на проблемот треба да се видат искуствата од другите земји. -Треба да се види прво што правеле други земји со истиот проблем. Тоа може да бидат и даночни олеснувања за основање на фирми од иселеници кои би се вратиле овде да живеат и творат. Може да биде и отварање на научни зони како во Тајван, каде преку 50% од фирмите се основани од повратници од САД. Може да биде и заедничка активност на нашата држава со некои организации како што е Македонија 2025, да работат на убедување да дел од капиталот и луѓето се вратат во Македонија, со низа стимулативни мерки. Има и добри аспекти од заминувањето од странство - се остваруваат блиски контаки кои подоцна може да вродат со некаква трговска размена и отварање на работни места во Македонија. Инаку секако дека е важно за нашето стопанство да има квалитетен кадар овде, кој ќе биде способен да води кон развој. Затоа ќе завршам со зборовите на Слаѓан Михајловски, претседателот на стопанската комора за информатика МАСИТ, кои ги кажа на првиот свечен час на ФИНКИ оваа година: Сите да си помислиме - што ќе беше од Македонија, ако сите што ги бива заминеа? А што може да биде, ако барем еден дел, од тие што заминале, се вратат, рече еднаш универзитетскиот професор Кулаков.

Досега често пати е правена стратегија која би ги задржала младите во земјата но засега безуспех и е реализирана но само на хартија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“