26 Април, 2024
0.0273

Репрезентација до 21 година: Да ја потврдиме нашата вредност и против Бугарија

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре против Бугарија во 14:00 часот игра пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. За фудбалерите кои ќе настапат на Европското првенство во Полска од 17. јуни овој меч е веројатно последниот тест пред континенталниот шампионат. 

Голманот на нашата млада селекција, Игор Алексовски вели дека натпреварот со Бугарија е добра можност да ја продолжиме успрешната резултатска низа. 

-Секогаш е убаво чувството кога играме пред своите навивачи, тоа за нас секогаш е поттик повеќе. Добро работевме во изминатиот период. Знаеме дека како што се наближува Европското првенство и притисокот врз нас ќе станува се поголем, но не бегаме од одговорноста. Натпреварот против Бугарија е добра можност да се обидеме да ја продолжиме успешната низа. Бугарија има квалитетен состав и ќе биде одличен натпревар. За нас е важно да ги почитуваме насоките од стручниот штаб и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Алексовски.

Капитенот Бобан Николов смета дека и на натпреварот против Бугарија, нашата репрезентација ќе ја повтори својата вредност.

-Без разлика што е пријателски, овој натпревар е многу важен за нас затоа што ова е веројатно последниот подготвителен меч пред Европското првенство во Полска. Одиме на победа, ние сме меѓу најдобрите 12 репрезентации во Европа и повтороно ќе се обидеме да ја покажеме нашата вредност. Го оставаме зад нас натпреварот против Лихтенштајн и се фокусираме на Бугарија. Се надевам дека и публиката ќе не бодри како и досега и ќе биде наш играч повеќе,изјави Бобан Николов.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет