10 Мај, 2024
0.0290

Ресенското јаболко оди за Дубаи!

Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата „Apple Land“ од Дубаи започнува да гради откупно-дистрибутивен центар за јаболка во местото Макази, во близина на Ресен. Камен-темелникот на откупно-дистрибутивниот центар ќе биде поставен денеска, а на церемонијата е најавено присуството на министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Според најавите дадени во декември, кога инвеститорите од Дубаи дојдоа во Македонија, фирмата има намера да гради и ладилник во Ресен. Почетната инвестиција треба да изнесува пет милиони евра, а се очекува да бидат отворени 100 работни места. „Освен јаболка, имаме намера да влеземе и во сегментот на грозје, говедарство и да извезуваме надвор од Македонија. Вкупната инвестиција во земјава би можела да се искачи и до 20 милиони евра“, рече инвеститорот Абдушамак Насер при посетата во декември. Јаболката од Ресен компанијата „Apple Land“ ќе ги извезува во Дубаи, но и во Катар, Јемен и други земји на Блискиот Исток. „Apple Land“ е фирма регистрирана во Македонија во сопственост на „Shafa Construction“ и „DP World“ од Дубаи.