07 Мај, 2024
0.0262

Решавањето на проблемите на студентите само одложено, протестот продолжува

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Организаторите на вчерашниот протест „Студентски отпор“  пред Собранието соопшти дека не се задоволни од средбата во Собранието меѓу студенти – претставници на универзитетски собранија со пратеници и министерот за образование и наука и најавија нов протест в четврток.

-Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа. Ве повикуваме во четврток, на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17 часот. Маршот ќе почне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, се вели во повикот.

Од таму додаваат дека остануваат на своите барања -  издвојување средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите, издвојување средства за реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови”.

По синоќешната средба во Собранието помеѓу претставниците на студентските собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствувал и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено одложување на законските измени за субвенциониран оброк, што беше тригер за вчерашниот протест пред Собранието.

Субвенцијата за студентски оброк студентите ќе ја добиваат по старите услови, а до март работна група треба да најде системско решение за нов закон. Биле разгледани и други аспекти од студентскиот стандард, пред сè подобрување на условите во студентските домови.

„Студентски отпор” во реакцијата наведува дека единственото барање кое е прифатено на средбата е повлекување на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк и дека, поради тоа, нема да отстапат „сѐ додека итно не се реализираат и останатите барања”.

Студентите ќе продолжат да добиваат субвенциониран оброк по старите критериуми до март, а дотогаш работна група со претставници на студентските сојузи и МОН ќе изнаоѓа системско решение за нов закон за остварување на ова право.

- Ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Се договоривме во овој период ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи, од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, изјави Шаќири  по тричасовната средба во Собранието.

Премиерот Ковачевски рече дека има разборање за барањата на студентите за студентскиот оброк, но и за други аспекти на студентскиот стандард и најви дека ќе се разгледа загревањето на студентските домови да добие повластена цена.

-Пред се, во делот на инфраструктурата во студентските домови, при што веќе се договоривме со министерот за образование дека ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво. Исто така, се согласивме дека во одредени студентски домови веќе се направени позначителни инфраструктурни зафати. Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови. А на нас, коишто сме во Владата и пратениците, е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија кои ќе биде на задоволство на сите, рече Ковачевски по средбата.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција