26 Април, 2024
0.0289

Решението на спорот за името се уште е далеку

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Иако односите меѓу Грција и Македонија се подобрија, решението на спорот за името се уште е далеку. Ова го изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски по средбата со својот грчки колега Никос Коѕиас во Њујорк. 

Тој посочил дека и покрај напредокот, кој бил постигнат меѓу двете држави, постои едно прашање, на кое имаат радикално различни ставови. Сепак за односите меѓу двете земји би било подобро да се стави фокусот на темите кои ги здружуваат.

„Тоа не е период во кој можеме да го решиме долгогодишното тешко прашање во нашите билатерални односи, но дефинитивно е период во кој можеме да ја потврдиме сликата на две држави кои имаат нормална соработка и кои сакаат да создадат позитивна клима во регионот“, посочи министерот. 

Тој исто така рече дека разговарал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, како и со комесарот за проширување Јоханес Хан, пред кои изразил загриженост за дискусиите да се воведе парична надокнада и препорака за патување во ЕУ на граѓани од држави кои имаат безвизен режим. 

Според Попоски таквата одлука би наштетила на правата за слободно движење во Унијата.

„Имавме сериозни разговори со претставниците на ЕК и со комесарот Хан и со заменик-претседателката Могерини околу последиците и ставови од наша страна, од балканските земји кои се кандидираат или се потенцијални кандидати за членство во ЕУ, дека таквиот развој би бил исклучително негативен“ , рекол тој.

Во однос на изборот на генерален секретар на ОН Попоски посочи дека сеуште е рано да се прават заклучоци за тоа кој би можел да го заземе местото на Бан Ки Мун, но засега македонскиот кандидат Срѓан Керим е меѓу најсериозните кандидати за функцијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“