РЕСТАРТ: Европската автомобилска индустрија се враќа во нормала
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Април, 2020
Стартува со работа европската автомобилска индустрија.
Сепак, работниците ќе мора да носат маски.
Ова се случува по повеќенеделниот прекин поради епидемијата на коронавирус.
Германскиот „Фолксваген“ денеска повторно ја отвори фабриката во Волфсбург.
Германија одобри малите продавници повторно да се отворат, но под услов да ги почитуваат строгите мерки за растојание и хигиена.
И Бе-Ем-Ве денеска започна со производство во фабриката во Велика Британија, а следува отварање на фабриките во Јужна Каролина и во Мексико во мај.