03 Мај, 2024
0.0234

РЕЦЕПТ: Домашен лек против целулит, ефекти за 7 дена

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

На лесен начин направете си домашен крем и ослободете се од целулитот.

За подготовка на домашен антицелулитен крем најпогоден е детскиот крем (било кој) бидејќи има идеален состав на масла и влага, а не содржи дополнителни хемикалии.

Исто така таблетите мумио се користат многу често не само во борбата против целулитот, туку и за стрии.

Во борбата против целулитот многу се ефикасни и цитрусните етерични масла. Цитрусните масла ја затегнуваат и ја хранат кожата со корисни состојки.

Маслото од цимет, не само што поседува пријатна арома, туку е многу делотворно во борбата против целулитот. Во комбинација со цитрусните масла дава одлични резултати!

Во една стаклена тегла (не помала од 150 мл) ставете 100 г детски крем. Потоа додадете ги таблетите мумио кои претходно сте ги истолчиле во прав (ако ги оставите малку во фрижидер, полесно ќе се здробат). Додајте 20 капки цитрусно масло и 5 капки масло од цимет.

 Сите состојки темелно промешајте ги, затворете ја теглата и оставете ја да отстои 8-10 часа. После тоа измешајте повторно. Вашиот антицелулитен крем е готов. Не заборавајте после секоја употреба добро да ја затворите теглата.

 За најдобри резултати потребно е кремот да го нанесувате секојдневно на проблематичните делови, со силни движења и енергична масажа. Првите резултати очекувајте ги после 7 дена.

 РОК НА УПОТРЕБА: 3 недели. Потоа направете нова доза.

 По нанесувањето на кремот, оставете тој добро да се впие во кажата, а потоа облечете се. Можно е да останат темни дамки од мумиото, но тие лесно се перат.