Роднина на Харадинај претепан и избоден
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2019
Неколку маскирани лица нападнале роднина на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај на автобуска станица во Пеќ и му нанесле тешки телесни повреди на главата и телото.
Е. Харадинај кој е роден 2001 година, е многу близок роднина на Рамуш Харадинај. Приштинските медиуми јавуваат дека нападот се случил вчера околу 17 часот. На лице место пристигнала полицијата, а повредените момчиња се пренесени во најблиската болница во Пеќ. На едниот му е укажана хируршка помош, а додека пак другото момче е пуштено на домашно лекување.Како што известуваат медиумите од Косово, едното момче има седум рани на главата од нож и една рана на нозете, додека пак другото момче има резови од нож на челото. Нападот го извршиле неидентификувани напаѓачи. Полицијата работи на случајот.