03 Мај, 2024
0.0302

Ројтерс: Гутереш ќе биде следниот лидер на ОН

Гутереш не доби ниту една закана за вето од петте земји постојани членки на Советот за безбедност на првото неформално гласање со т. н. „шарени ливчиња“.

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Португалскиот кандидат Антонио Гутереш најверојатно ќе биде следниот генерален секретар на ОН, соопшти агенцијата Ројтерс. Претставникот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин го прогласи за „јасен фаворит“ на церемонија пред дваесетина минути.

Гутереш не доби ниту една закана за вето од петте земји постојани членки на Советот за безбедност на првото неформално гласање со т. н. „шарени ливчиња“. Според извори на агенцијата Ројтерс „за“ него гласале 13 земји, а две се воздржани.

Членови на Советот за безбедност се Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД (постојани) и Ангола, Египет, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Сенегал, Шпанија, Украина, Уругвај и Венецуела.

Се очекува официјалниот гласање на Советот да биде утре во 10:00 по локално време во Њујорк (16:00 по македонско). По тоа гласање, треба да се одржи и во 193-членото собрание на ОН.

Гласачките ливчиња на петте земји постојани членки на Советот за безбедност, кои имаат право на вето, се означени со различна боја од оној на гласовите на непостојани 10 без тоа право.

Прагот на шансата за успех е собирање на 9 гласа „за“ и ниту еден глас против од САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина, кои можат при финалното гласање да стават вето.

На последното гласање со безбојни билтени над овој праг беше само Гутереш. 


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место