Русија бара Западот да се погрижи за Косово кое станува упориште на тероризмот
Објавено во: Свет 04 Септември, 2019
Косово е упориште на тероризмот, вели портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Вели дека на Косово се враќаат милитантите на Исламска држава, пренесуваат руските медиуми.
Таа додаде дека од зоните на борбени дејствија на Косово се враќаат терористи на ИСИС, кои претходно биле врбувани меѓу косовските Албанци и кои минале соодветна обука.
Забележани се околу 250 такви случаи.
„Ги повикуваме оние кои стојат зад Приштина, САД и ЕУ, да обрнат внимание на тоа. Ние тргнуваме од тоа дека ЕУ треба да преземе соодветни мерки“, изјави Захарова.
Додаде дека порастот на заканата од тероризам е очигледен, а албанските власти на Косово не се во состојба да се борат со тоа, „дури и да сакаат“.