Русите ќе произведуваат ракети кои беа забранети
Објавено во: Свет 06 Септември, 2019
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги произведе ракетите, забранети со нуклеарниот договор од ерата на Студената војна кој престана да важи минатиот месец, но дека Москва нема да ги распореди доколку тоа претходно не го направат Соединетите Американски Држави.
Путин кажа дека го загрижува евентуалното американско распоредување на ракетите во Јапонија и Јужна Корја, бидејќи би претставувале закана за голем дел од територијата на Русија, пренесува ТАСС. Тие ракетни системи најверојатно би можеле да стигнат до цели на значителен дел на територијата на Русија, вклучувајќи го Далечниот исток.
„Ако американските ракети бидат распоредени во Јапонија или Јужна Кореја, ќе разбереме дека тоа е биде направено за да се избалансираат потенцијалните закани од Северна Кореја, но тоа ќе ни создаде значителни проблеми“, кажа Путин.
Вашингтон минатиот месец се повлече од Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), обвинувајќи ја Русија дека го прекршила договорот, што Русија го негира.