02 Мај, 2024
0.0254

РУСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: Нозете и рацете на Навални биле цврсто врзани пред неговата смрт?

Објавено во: Свет 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Руската организација за човекови права „Гулагу.нет“ тврди дека форензичарот кој го прегледал телото на 47-годишниот лидер на опозицијата во Русија, Алексеј Навални, бил под притисок на тајните служби да ги сокрие неговите наоди.

Непријателот на рускиот претседател Путин, Алексеј Навални, бил „цврсто врзан за рацете и за нозете“ 4 до 5 часа пред да биде прогласен за мртов, се тврди во нов извештај, објави Дејли мејл.

Првичните руски извештаи велеа дека Навални умрел од „откачен тромб“ во арктички затвор, каде што бил затворен.

„Експертот од судска медицина бил под притисок да го прикрие откривањето на згрутчување на крвта во мускулите на рацете и на потколеницата. Ова укажува на „формирање тромб поради нарушување на нормалната циркулација на крвта“, се вели во извештајот на организацијата. 

„Неговите екстремитети „биле цврсто врзани, па крвта стагнирала и во неа се формирале згрутчувања кои ги блокирале пулмоналната артерија и крвните садови на мозокот“, се вели во соопштението на организацијата на чело со Владимир Осечкин.

Не беа понудени докази за тврдењето за директно физичко малтретирање, но западните лидери и другите руски дисиденти веќе тврдеа дека Навални е убиен по наредба на Владимир Путин.

Навални ненадејно почина на 16 февруари во оддалечена казнена колонија на Арктикот, каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна под обвинение за екстремизам кој нашироко се смета за политички мотивиран. Мајката  на Навални една недела чекаше за да го добие телото и тврдеше дека руските власти ја уценуваат. Голем број луѓе се собраа во Москва за да му оддадат почит на Навални. 

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место