02 Мај, 2024
0.0886

РУСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ УБИЈА ДВАЈЦА ТЕРОРИСТИ: Какво оружје е најдено кај нив?

Објавено во: Свет 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Руските специјалци убија двајца  терористи кои планирале напади. 

Осомничените пукале врз специјалните сили на Федералната служба за безбедност откако биле блокирани на периферијата на Наљчик, главниот град на Република Кабардино-Балкарија.

Руските специјални сили убиле две лица осомничени за планирање терористички напади, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет, а пренесува Москва тајмс.

„На периферијата на Наљчик беше спроведена антитерористичка операција откако беше утврдена локацијата на вооружени мажи што учествуваа во терористички активности. Неутрализирани се двајца милитанти“, се вели во соопштението.

Двајцата милитанти биле членови на банда што е дел од меѓународна терористичка организација. Тие планирале да извршат серија субверзивни и терористички напади во регионот, се додава во соопштението.

„Како одговор на понудата да го положат оружјето и да им се предадат на властите, бандитите отворија оган врз специјалните сили. Координацијата на активностите на силите за ред и мир ја обезбедува оперативниот штаб на Националниот антитерористички комитет“, се наведува во соопштението.

Пронајдени се автоматско оружје и муниција. Експерти за бомби од ФСБ ја проверуваат локацијата.

Безбедносните мерки низ Русија се зголемени по терористичкиот напад на 22 март во близина на руската престолнина Москва во кој загинаа 145 луѓе.

Одговорноста за нападот потоа ја презеде разгранок на Исламска држава ИСИС-Х. Сепак, Русија ја обвинуваше Украина за нападот. 

Кабардино-Балкарија се наоѓа во регионот на Северен Кавказ каде што исламските екстремисти дејствуваат со децении. По нападот во Москва, руските специјалци апсеа и во Дагестан. Таму приведоа лица во два града кои планирале напади. 

Можеби ќе ве интересира

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија