САД бара да се уапсат двајца српски радикали
Објавено во: Свет 06 Декември, 2017
САД бара од Србија апсење на членовите на Српската радикална партија Петар Јојиќ и Вјерица Радета.
„Ја повикуваме Владата на Србија да соработува со механизмот на Меѓународните кривични судови и да изврши налози за апсење“- рече претставничката на САД на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која беше разгледуван последниот извештај за работењето на Хашкиот трибунал.
Министерката за правда на Србија, Нела Кубуровиќ вели дека трибуналот практикувал ,,селективна правда“. Таа го објасни своето тврдење преку фактите дека од вкупно обвинетите 161 лице,
109 биле Срби, 33 Хрвати, 10 Бошњаци, 7 Албанци и двајца Македонци. Правосилно се
завршени постапките против 156 лица. Повеќе од 70 проценти од нив биле Срби, 19 проценти
Хрвати, 6 проценти Бошњаци, а само два проценти Албанци.