02 Мај, 2024
1.1012

САД според анкети

Објавено во: Анализа 06 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во САД се прават секојдневни истражувања за секакви типови на прањаша. Доколку сте мислеле дека овде има многу анкети, верувајте тоа не ништо споредено со тоа што се случува на западот. Постојано се следат трендовите за разни прашања, секако се со цел да се носат паметни одлуки тогаш кога треба. Во овој текст ќе ви покажеме, како на разни теми размислуваат Американците. Истражувањата се превземени од Галуп: Истополови бракови: Нацијата е поделана, но факт е дека со текот на времето значително се омекнува ставот кон истополовите бракови, па дури повеќе луѓе немаат ништо против, споредено со оние кои се против браковите. Оружје:  Таман почна да се намалува поседувањето на оружје, по 2001 година повторно силен раст и повторно, скоро секое второ домаќинство има оружје. Нападите во Бостон секако дека нема да го намалат овој процент. Животен Стандард  Според индексот на Галуп, САД на поле на животниот стандард, успешно ја пребродува кризата. Индесот покажува највиско ниво во изминатите пет години. Друго истражување инаку покажува дека Маериканците просечно на ден трошат по околу 100 долари. Тука не влегуваат редовни режиски трошоци или големи купувања како куќа или кола. Тоа за наши услови е навистина голема бројка. Редакција Фактор