10 Мај, 2024
0.0746

Сакате да пријавите небезбедна храна? Ова е бројот!

Објавено во: Агробизнис 17 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство стави во функција бесплатен телефонски број на кој граѓаните можат да пријават неправилности во безбедноста на прехранбените производи. На телефонскиот број 0800 3 22 22 потрошувачите можат да пријавуваат 24 часа на ден доколку откријат неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните. Пријавите се анонимни, но се снимаат. А ако потрошувачите одлучат да остават податоци - име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување за тоа како се постапувало по нивната пријава.