26 Април, 2024
0.0304

Самсунг го претстави робусниот, но елегантен Galaxy XCover 4

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг (Samsung) на Светскиот Саем за Мобилна Технологија (MWC - Mobile World Congress) го претстави најновиот Galaxy XCover 4 робусен паметен телефон. Новиот модел има поголем HD екран и потенка рамка, зголемена меморија како и најважните елементи од дизајнот на Galaxy серијата, во комбинација со дополнителна отпорност на најекстремните услови. XCover 4 во Европа ќе биде достапен од април.


"Самсунг на своите корисници настојува да им овозможи најнапредни производи кои ги задоволуваат нивните потреби за работа и за забава. XCover 4 е вистински доказ за нашата континуирана потрага за иновации. Овој паметен телефон се одликува со широк спектар на функции, што го прави совршена алатка за работа во било какво опкружување, додека истовремено со својот дизајн останува потполно верен на своите Galaxy корени.“ – изјави Жан Даниел Еим, Потпретседател на Европската Дивизија за Мобилни Уреди во компанијата Самсунг.

Galaxy XCover 4 поседува елегантен, потенок дизајн за подобро држење во рака, со намалена рамка која се заснова на отпорниот дизајн на робусните уреди на компанијата Самсунг. Оваа функција во комбинакција со можностите за ракување и во користењето на ракавици, го прави држењето и употребата на телефонот поедноставно. Покрај тоа, хардверските тастери на овој модел може да се прилагодат за брз пристап на најчесто користените апликации, преку LED батериски лампи или камери, правејќи го овој телефон максмално едноставен за употреба. 


Никогаш не било поедноставно користењето на паметните телефони во екстремни услови, ниту пак останувањето во контакт со сите подолго време. Како централен елемент со кој се покажува својата припадност на Galaxy генерацијата, XCover 4 може да се пофали со IP68 стандардите за заштита од прашина и вода, подобрена резолуција на задната камера од 13 MP и предната од 5 MP, како и долготрајна батерија која може да се вади. Зачувувањето на податоци кои зафаќаат многу меморија исто така е поедноставено благодарение на проширената меморија од 16 GB, додека дополнителната RAM меморија од 2GB го прави XCover 4 уште помоќен – идеален за лична и професионална употреба.


Samsung Knox 2.7. е фабрички вграден во XCover 4 и овозможува безбедност на ниво на стандардите на безбедносните служби уште од првиот миг кога ќе го вклучите телефонот со помош на повеќеслојната платформа. Ова, во комбинација со Android 7.0 Nougat оперативниот систем и MIL-STD 810G сертификатот ја подобрува ефикасноста, перформансите и употребливоста, правеќи го XCover 4 најдобар робусен избор меѓу паметните телефони за вашето работење.

За повеќе информации посетете ја страната: www.samsungmobilepress.com

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет