05 Мај, 2024
0.0289

Сања Лукаревска и Јован Деспотовски не се повеќе в.д директори на УЈП и ТИРЗ

Објавено во: Економија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сања Лукаревска и Јован Деспотовски станаа рдовни директори на Управата за јавни приходи и ДИрекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, откако Владата синоќа објави дека тие победиле на јавниот повик. Претходно ги извршуваа тие функции како вршители на должност.

Владината комисија за именување, како што велат од таму, врз основа на евалуацијата на апликациите од јавниот повик и врз основа на програмите за работа, за редовни директори се назначени Јовица Стојановиќ на КПУ Затвор Идризово, Марјан Спасовски на Управата за извршување на санкции и Ардиан Муслиу на Државниот просветен инспекторат. Иљми Селами е именуван за заменик на директорот на Државниот завод за статистика. До сега и тие беа вршители на должност на своите функции.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, вчера најави дека Владата разгледува апликации за избор на шест директори и заменици-директори. Ова следува откако Владата доби многу критики дека во последен период намерно именува вршители на должност на директорските позиции за да не мора да ги селектира преку јавен оглас.

„На денешната комисија за именување разгледувавме апликации за 6 огласи за директорски и заменик директорски места. Кандидатите ги доставија своите биографии, мотивациско писмо, план и програма за работа и сите останати потребни документи“, објави Николовски.




Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години