07 Мај, 2024
0.0253

СДСМ: Чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ да се оградат од криминалците

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во периодот што следи особено е важно да се овозможи мирен трансфер на власта и формирање на нова реформска Влада. Тоа е врвен интерес на граѓаните и државата.Тоа е потребно како за евро-атлантските перспективи на државата, така и за сите граѓани, без разлика на нивната политича, етничка или каква било друга припадност, порачува СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се надминати и истрошени политичари кои се грижат само за своите криминални интереси, немаат што ново да им понудат на граѓаните и затоа лажат, користат манипулации, говор на омраза, поттикнуваат насилство.

Ниту ќе има штети по употребата на македонскиот јазик, ниту пак е загрозена унитарноста на државата. Тоа е измислица на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, единствените неколкумина во државата кои имаат интерес да ги блокираат промените, во обид да ја избегнат одговорнсота за злоделата врз граѓаните

Цела Македонија ја чека новата Влада. Граѓаните ја знаат, ја читаат Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто носи живот за сите, правда, евро-атлантски перспективи. Парламентарното мнозинство ја презеде и ќе ја реализира обврската дадена пред граѓаните, да ја формира новата Влада и да ги реализира потребните реформи за овие цели.

Има писмо до Ѓорге Иванов дека е формирано новото парламентарно мнозинство, претседателот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш ќе ја реафирмира Програмата на новата Влада, по што ќе се пристапи кон формирањето нова Влада. Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните, а чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ мора сериозно да ја сфатат сопствената улога, да се оградат од криминалците во своите редови и нивните криминални платформи и партијата да се постави како конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи клучните реформи за граѓаните и државата.

Секој кој работи спротивно на државните интереси мора да биде свесен дека прави противуствано и тешко казниво кривично дело. За сите тие дела ќе има одговорност. Македонија мора да оди и ќе оди напред! Упатуваме апел до сите конструктивно да се вклучат во демократските процеси што ќе донесат добар живот за сите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција