27 Април, 2024
0.0291

СДСМ и коалиционите партнери побараа распуштање на Собранието, Вељаноски на потег

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери во Парламентот поднесоа барање за распуштање на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски истакна дека како дел од потписниците на Договорот од Пржино, пратениците биле должни да покажат дека остануваат  на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза и овозможување достинствен живот за граѓаните на Република Македонија.

„Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доказ плус дека власта на Никола Груевски сака да избега од избори на 11 декември“, потенцираше Сугаревски.

На потег сега е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Тој треба да одлучи дали ќе свика итна седница или сепак распуштањето на Парламентот ќе се пролонгира.

Како што пишувавме деновиве и неделава се одлучувачки за изборите.

Најголема кочница сепак за распуштањето на Законодавниот дом е буџетот за 2017 година а Спикерот Трајко Вељаноски за 17 октомври ја закажа 125. седница на која пратениците треба да расправаат.

Ќе се чека на Хан?

Во петок на 14 октомври во Скопје треба да пристигне еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој би требало да го разјасни политичкиот процес а се најавени средби со потписниците на договорот.

Хан доаѓа по одлуката на владејачкото мнозинство во парламентот да не ги поддржи барањата на специјалната јавна обвинителка за измени на Законот за СЈО, односно продолжување на рокот за истраги, како и за измена на Законот за заштита на сведоци а овие отфрлања на барањата се дополнителен тест кој изборите ќе става да висат на конец.

Опозицијата за неизгласаните барања на СЈО вели дека владеачката гарнитура го минира датумот за избори додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се тие кои бегаат од избори.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“