СДСМ вечерва поднесува предлог за новиот владин кабинет
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017
Извори за фактор потврдуваат дека вечерва СДСМ во архивите на собранието на РМ како партија која има мандат ќе го достави предлогот за состав на новиот владин кабинет.
Претходно Заев на прес конференцијата истакна дека доколку вечерва се стигне со сите протоколарни и правно формални аспекти уште вечерва ќе достават програма за работа на идната влада и ќе достават предлог за составот на владиниот кабинет .
Во моментов на Бихаќка е завршено Централното претседателство, новинарските екипи се упатени кон Собрание а засега е неизвесно кој во име на мандатарот ќе го достави предлогот во Собрание, бидејќи според наши извори тоа нема да биде лично Зоран Заев.
Сепак, собранискиот претседател Талат Џафери за дел од медиумите денеска рече дека собраниските врати ќе бидат отворени, ќе има дежурни екипи кои ќе го дочекаат предлогот за владата и дека најраниот рок до кога може да биде закажана седница е вторник.
Официјално, ова е листата на СДСМ со министрите кои ќе бидат во новата Влада:
Радмила Шеќеринска - министер за одбраната
Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи
Никола Димитров - министер за надворешни
Мила Царовска - министер труд и социјала
Драган Тевдовски - министер за финансии
Рената Десковска - министер за образование
Љупчо Николовски - министер за земјоделство
Горан Сугарев - министер за транспорт и врски
Роберт Алаѓозовски - министер за култура
Дамјан Манчевски - министер за информатичко општество и администрација
Министри без ресор:Кочо Анѓушев, Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска .