28 Април, 2024
0.0241

Се ближи ли крајот за јајцето од кокошка

Објавено во: Агробизнис 09 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Обичното кокошкино јајце е едно од најперфектните производи на светско ниво. Јајцата се евтини, ги има во изoбилие и се вкусен извор на протеини. Тие исто така се исклучително добри за обработка и можат да бидат вклучени во 22 различни кулинарски функции во широк спектар на храни. Јајцата во тортите го врзуваа тестото, создавајки лесна воздушна текстура. Во мајонезот жолчката од јајцето ја стабилизира емулзијата помеѓу маслото и киселината. Додадени на бифтекот, јајцата се врзуваат со многу различни состојки во исто време. Во кремовите тие ги згуснуваат течните состојки за образување на крем. Има само еден проблем со јајцата, тие се исклучително недоволни, вели Џош Тетрик, основач на кулинарската компанија од Сан Франциско, Hampton Creek Foods. Производството на јајца е најбрзо развојниот сегмент во современото земјоделство поради големата побарувачка во развојните економии. Тетрик забележува дека секоја година производството на јајца достигнува 1,8 трилиони парчиња на светско ниво. За одгледувањето на кокошките, кои ги несат, се неопходни храна, пред се соја и пченка, огромни количини земја на кои ќе се одгледуваат, вода итн. Општите расходи во таа насока достигнуваат 70% од вредноста на јајцето. Тетрик смета дека може да се справи подобро, со замена на кокошкиното јајце со растителни извори на протеини. Дури и повеќе Hampton Creek, сака да создаде нешто што е подобро и од јајцето, да го направи безјајчениот вкус подобар, без холестерол, со поголем рок на траење и значитено поевтин за производство. И покрај тоа што до постигнување на целта има многу работа, дејноста е значително напредната, за да биде сврстена во делот на инжењерство за храна. За постигнување на целта, компанијата работи со батаљон од биотехнолози, кулинари и софтверски инжењери. Тие ги обединуваат силите во процесот кои прво ќе биде испробан од фармацевтските компании и технолошката индустрија. Ако планот на Hampton Creek проработи, компанијата ќе покаже како софтверот и иновативните техники од областа на биотехнологиите можат да го променат секторот надвор од неговите граници. Бисквитното тесто на  Hampton Creek ќе влезе во продажба во Февруари следната година. Според зборовите на Фархад Манджу бисквитите од Сан Франциско имаат многу подобар вкус. Помеѓу инвеститорите во Hampton Creek се Khosla Ventures , Бил Гејтс и Founders Fund на Питер Тиел. Hampton Creek разполага со 6 милиони долари, со кои Тетрик верува дека неговата технологија ќе ги остави јајцата во заден план во кулинарските основи, но и кога станува збор за цената.   K.K

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?