03 Мај, 2024
0.0324

СЕ Е ВО РАЦЕТЕ НА ИВАНОВ: Евроцинизмот е погубен, санкциите речиси извесни!

Објавено во: Македонија 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Замрзнување на ЕУ средствата, прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ би биле првични „меки“ санкции со кои Македонија би можела да се соочи доколку претседателот Ѓорѓе Иванов продолжи да ги игнорираа апелите од Брисел и Вашингтон кои побараа да ги почитува изборните резултати и да го довери мандатот на партијата кој има обезбедено мнозинство за формирање на Влада, брифираат дипломатски извори за Фактор.  

Претседателот со поддршка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски  ризикуваат да ја втурнат земјата во криза со несогледливи последици и токму затоа  меѓународната заедница се обидува  да го разубеди Иванов да ја  преиспита својата одлука.  Во таа насока е доаѓањето  на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Скопје, објаснуваат дипломатски извори .  

„Влошувањето на политичкиот амбиент е една од причините поради кои, за жал,  Брисел ќе биде принуден да корсти и  евентуално дополнителни непопуларни мерки ако  Иванов и по тет а тет разговорите со Туск  не  го даде мандат за формирање Влада. Таргет  ќе бидат пред сè поединци за кои ќе се процени дека се извор на дестаблизација  и уривање на демократските вредности. Покрај меѓународните санкци земјата може да се соочи и со губење на препораката за почеток на преговори со ЕУ. 

Никола Груевски нема друг избор освен мирно примопредавање на власт, во спротивно Македонија може меѓународно да биде изолирана“, велат дипломатски извори одговарајќи на прашањето на Фактор дали е можен мирен трансфер на власта ?

Со посетата на претседателот на Европскиот совет, Брисел сака да покаже дека клучните европски  авторитети како Могерини, Туск, Хан  како и најголемиот дел од европските пратеници се на иста линија.

Оттука се заклучува дека евентуалната мерка на ЕУ за замрзнување на средствата е сериозна санкција, финансиски укор со исклучителна политичка тежина. Санкциите не смеат да бидат ниту потценети, ниту погрешно интерпретирани. Колку и да се оценува улогата на ЕУ во решавањето на кризата во Македонија како анемична, патоказот за развој на земјата поддржан со значителна финансиска помош веќе две децении доаѓа од ЕУ.  Евроскептицизам и евроцинизам во услови во какви се наоѓа Македонија е погубен и за сегашноста и за перспективите на идните генерации.

Горазд Чомовски 

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра