30 Април, 2024
0.0261

Се јави Министерството за земјоделство - ќе им помогнеме на лозарите и винарниците

Објавено во: Економија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени. Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ - откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се  постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и секогаш има партнерски однос со лозарите и отворената комуникација ќе продолжи и во следниот период, и е отворено за сите предлози. Во тој контекст, МЗШВ ќе организира состанок и со здруженијата на лозари, со цел да ги кажат своите предлози и да се донесат мерки и решенија коишто ќе бидат прифатливи и за лозарите и за винарниците.

„Оваа година е специфична и тешка поради состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, и затоа како МЗШВ и Владата на РСМ, ќе преземат се што е потребно, за да се ублажат негативните последици од здравствената криза врз производството на грозје и вино“, велат од Министерството за земјоделство.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи