30 Април, 2024
0.0258

СЕ ЈАВИЈА ОШТЕТЕНИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - политичките партии да не ја користат нашата мака за меѓусебни обвинувања

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Се јавија и оштетените штедачи од Еуростандард банка, по вчерашната срееба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи. 

Од Иницијативниот одбор на Здружението на  оштетени штедачи на Еуростандард банка велат дека на состанокот заедно ја разгледале ситуацијата, во која, како што нагласуваат, тие како штедачи се оштетени, и ги споделиле нивните барања за итно решавање на овој проблем со кој што се засегнати голем број на физички и правни лица.

„Воедно споделивме некои од проблемите со коишто се соочуваат и ќе се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на Еуростандард банка, доколку не се реши нашиот проблем. Состанокот помина во конструктивна атмосфера и премиерот Заев не увери дека  сите предлози ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека ќе се бара решение се со цел да не трпиме последици ние граѓаните и фирмите“, пишуваат штедачте во допис до јавноста. 

Иницијативниот одбор ја поздравува отвореноста на премиерот Заев и на Владата со цел изнаоѓање решение на овој проблем. 

Најавуваат и дека следните денови ќе побараат од сите парламентарни партии поддршка за решавање на овој  проблем, во кој велат, се инволвирани без нивна вина.

„Исто така ги повикуваме сите политичките партии и другите  релевантни субјекти да не поддржат во разрешување на нашиот проблем во најскоро можно време и да не ја користат нашата мака за меѓусебни обвинувања, туку напротив сите заедно да се ангажираат во изнаоѓање праведно решение за нас“, велат штедачите.

Ги замолуваат сите заинтересирани оштетени физички и правни лица кои досега не се имаат зачленето во Здружението да пратат апликација за членство во Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ на следната емаил адреса:780stedaciesb@gmail.com и заедно сплотени да се фокусираат на изнаоѓање решение со кое никој нема да биде оштетен.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување