02 Мај, 2024
0.0257

СЕ ЈАВИЈА СИТЕ БАНКАРИ: Стабилни сме, ќе помогнеме за клиентите на Еуростандард и не ни ја чепкајте гувернерката

Објавено во: Финансии 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Се огласија банкарите по затворањето на Еуростандард банка. 

Велат дека ниту една друга банка во земјава не е ризична. Ниту една банка, тврдат тие, ги нема слабостите на Еуростандард банка. 

„Во врска со соопштението на Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка, Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови.

Утврдените слабости во работењето на Еуростандард банка, за коишто беше известено при соопштување на укинувањето на дозволата за нејзино работење, не ги отсликуваат карактеристиките на банкарскиот систем којшто се одликува со сигурност, стабилност и солвентност.

Во таа смисла, показателите за стабилност на системот недвосмислемо укажуваат дека банкарскиот систем е во одлична кондиција, способен да одговори на потребите на населението и компаниите, а таа стабилност се согледува преку тоа што:

Банкарскиот систем располага со високо ниво на ликвидност, при што ликвидната актива покрива близу 60 отсто од депозитите на домаќинствата.

Квалитетот на сопствените средства на банкарскиот систем е исклучително висок и доминантен дел од нив од околу 90 отсто се состојат од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на системот.

Солвентноста на системот континуирано е двојно повисока од законскиот минимум од 8 отсто, при што според првичните расположливи податоци со состојба на 30 јуни 2020 година, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17 отсто“, велат од МБА.

Според банкарите, овие показатели обезбедуваат сигурност на депозитите на населението и правните лица. Депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а како и досега банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите.

„Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека во рамките на можностите сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на сите физички и правни лица коишто биле клиенти на Еуростандард банка, со цел тие да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи. Сите банки и штедилници се на располагање за да обезбедат брза, квалитетна и ефикасна банкарска услуга, како во однос на отворањето сметки, така и за обезбедување производи за штедење или пак доколку е потребно за рефинансирање на обврските по основ на кредитни производи на клиентите на Еуростандард банка кои редовно ги подмирувале своите кредитни обврски“, велат од МБА.

Фондот за осигурување на депозити располага со доволно средства  и соодветно ќе започне постапка за обештетување на осигурените депозити.

Воедно, Македонската банкарска асоцијација сака да изрази поддршка на гувернерката и тимот на Народната банка, кои во изминатиот период со соодветни и навремени мерки и измени во регулативата им дадоа поддршка на банките, а преку нив и на населението и стопанските субјекти, во надминување на проблемите предизвикани од пандемијата.

Очекуваме дека МБА и Народната банка и понатаму ќе ја продолжат досегашната успешна соработка за одржување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилен курс на денарот, задоволување на потреби на  стопанството и населението за банкарски услуги и успешно справување со предизвиците предизвикани од здравствената криза.

Имајќи предвид дека деновиве имаше објави во коишто се тврди дека во преговорите за формирање нова Влада се дискутира и за функцијата гувернер на Народната банка, МБА ја користи оваа прилика и за да апелира и потсети дека независноста на централната банка е клучна за одржување и јакнење на стабилноста на банкарскиот систем, финансиската и севкупната макроекономска стабилност. Оттука, независноста на Народната банка, во ниту еден момент не треба на ниту еден начин да биде доведена во прашање. Независната и високопрофесионална централна банка е клучен двигател во чекорењето на нашата земја кон ЕУ и воопшто во меѓународните интегративни процеси на нашата економија. Силната и независна централна банка е клучен столб за стабилност, раст и развој на секоја економија и претставува јавно добро од висок интерес за секое општеството.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?