28 Април, 2024
0.0267

Се користат ли земјоделците во политички цели?

Објавено во: Агробизнис 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Зоран Заев вчера најави дека ќе поднесе тужба против Никола Стаменов, претседател на земјоделското здружение „Раноградинарство“ од село Босилово за изречени лаги и клевети. Од повеќе земјоделски здруженија денеска излегоа со осуда  на ваквата изјава. Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев, непристојно е да се обвинуваат земјоделците за работи кои тие не ги сториле. Упати апел земјоделците и здруженијата да не се користат во политички цели, а посочи и дека наклонетоста на земјоделците се добива со извршување правилна земјоделска политика. „По овој настан кај земјоделците се појави една неизвесност и страв како производители што понатаму, бидејќи знаеме дека тоа доведе до нарушување на пазарните односи, што значи на некој начин намалување на извозот на нашите земјоделски производи, како и зголемување на контролата од страна на увозниците на нашите производи што го отежнува пласманот на нашиот пазар“, рече Шаклев потсетувајќи на последниот случај со неисправните корнишони. Никола Стаменов, пак кој прв излезе со обвинувања против семејството Заеви и ги обвини за уништување на угледот со неисправни краставички, вели дека е загрижен за опстанокот на своето семејство кое заработува од земјоделството. „Ако Заев смогне храброст тоа да ни презентира нам, на обичните граѓани и земјоделци, тогаш јас и нашите земјоделци јавно ќе му се извиниме и сме подготвени да ги претрпиме сите законски консеквенци“, рече Спасов. Според опозициската пратеничка Ленче Николовска, претседателка на собраниската комисија за земјоделие, Стаменов, Тантаров, Аризанов, Шаклев, Андреја Секуловски, Данчо Милевски, Ставре Јанев, се познати измеќари на власта кога треба да се напаѓа опозицијата. „Тоа се тие таканаречени лидери на земјоделците позади кои не стојат земјоделци, ама затоа ја имаат улогата да бидат соучесници во уништувањето на македонскиот аграр и злосторници на вистинските земјоделци. Тоа се тие службеници на Груевски распоредени во региони кои делуваат кај земјоделците за да не се развие никакво незадоволство, а не дај боже да дојдат пред влада. За проблемите на земјоделците сите други ќе бидат виновни само не Владата. Виновни ќе бидат и трговците , откупувачите, другите држави, сите само не Владата“, забележува Николовска која порача дека вистински лидери на земјоделците наместо да работат против опозицијата, сега би ја повикале Владата да ги исплати субвенциите на земјоделците за 2012 година, чиј краен законски рок е 30 јуни.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?