02 Мај, 2024
0.0490

Се креваат тензиите до максимум: Пакистан собори два ловци на Индија

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пакистан потврди дека извршил воздушен напад врз регионот Кашмир во Индија и соборил два индиски ловци во нејзиниот воздушен простор и е заробен еден пилот, додека растат тензиите. Претходните денови Индија вршеше напади на свои цели над екстремисти на територијата на Пакистан.

"Денес, воздушните сили на Пакистан извршија удар низ пакистанската контролна линија за воздушен простор", објави Министерството за надворешни работи.

Индиски официјални лица изјавија дека најмалку тројца пакистански воени авиони влезе во својот воздушен простор околу Кашмир во средата, но се вратиле откако биле пресретнати од индиски авиони.

Најмалку четири аеродроми во северниот дел на земјата, вклучувајќи го и главниот аеродром во Кашмир, беа затворени поради предупредувањата на Пакистан од одмазднички напади.

Исто така во средата, авион на воздухопловните сили на Индија се урна во Кашмир, а двајца пилоти и еден цивил беа убиени, соопшти полицијата. Други детали за инцидентот се уште не се познати.

Индија, во вторникот рече дека започна воздушни напади во Пакистан и дека биле елиминирани "многу голем број" на бунтовничките борци во логори, зголемувајќи го ризикот од конфликт меѓу двете земји кои поседуваат нуклеарно оружје.

Пакистан негираше дека имало жртви, но предупреди дека ќе одговори на "индиската агресија".

Тензиите меѓу двете соседни земји се зголеми по самоубиствениот напад на пакистански екстремистички групи во Кашмир, на 14 февруари, во кои загинаа 42 членови на индиските безбедносни сили.


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место