27 Април, 2024
0.0284

Се надѕира ли светло на крајот од грчко-македонскиот тунел?

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Нови напори во решавање на прашањето за името на Македонија.

Македонија и Грција ќе формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, како би разговарале за тој спор. А новата рунда преговори со посредникот на ОН би требало да биде на 17 јануари во Њујорк. Кои се опциите и дали е можен и каков е патот до компромис.

Прашањето кое корените ги влече од 19 век, а 25 години траат проблемите со името, би можело да добие одговор во наредните месеци.

„Го охрабривме медијаторот да излезе од почетната рамка и ние на ниво на министри брзо по добивањето на тоа, ќе преговараме, ќе формираме преговарачки тимови. Важно е само со колегата Никос и министерот Коѕијас дека се разделивме со уерение дека има волја на двете страни“, истакна министерот Никола Димитров.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порачува дека прозорот за решавање на ова прашање е отворен, доколку се покаже дека ставовите на македонскиот сосед се искрени.

До решение, се шпекулира за можни имиња со географска одредница-Горна, Вардарска, но и Нова Македонија.

Сепак согласност за промена на името владата ќе мора да побара од граѓаните на референдум. За уставните измени, ќе биде потребна двотретинска поддршка, т.е. поддршка и од опозицијата.

А решението, според премиерот би можело да се најде во првите шест месеци во годината. За тоа време, Бугарија која претседава со Унијата, иако не призна под уставното име, ќе не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“