СЕ ОГЛАСИ ПЕТРОВСКА: Војниците се во добра здравствена состојба
Објавено во: Македонија 17 Август, 2023
Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба, информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
"Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно беа префрлени во болница за детални прегледи. По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат.
Благодарност до словенечките пријатели за брзата реакција!,напиша таа на Фејсбук.