05 Мај, 2024
0.0261

СЕ ОГЛАСИ СИНДИКАТОТ: Несовесните газди повторно ја изиграа државата, УЈП под итно парите што ќе им ги блокира да ги подели на сметки на работниците

Објавено во: Економија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември и со која директно се зачуваваат работните места, со што до сега на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени, повторно 179 несовесни работодавачи (газди), на 338 работници не исплатиле плата за месец октомври, а за тоа добиле средства како финансиска поддршка за исплата на платите, пишуваат денеска од Сојузот на синдикти на Македонија.

„Загрижува и фактот што голем дел од овие така наречени ,,газди", се истите оние што на предлог на ССМ беа јавно објавени дека ја злоупотребиле и првата финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април, мај и јуни и против кои се поведени соодветни кривични постапки, нешто што никако не смеело да се дозволи да се случи.

Барањето на ССМ, финансиската поддршка да се исплати директно на сметките на работниците беше одбиено со образложение дека системот на УЈП не можел да го спроведе тоа, а истиот тој систем дозволи, државата по четврти пат да биде изиграна и опљачкана од истите ,,газди" за 5.271.771 денари од финансиската поддршка, така и за најмалку 2.000.000 денари за придонеси кои ќе беа уплатени во државна каса, а со тоа и исто толку месеци работниците да останат без основна егзистенција и плата“, велат од најголемиот синдикат на земјава.

На работниците, додаваат, не им требаат долги процедури и постапки, туку им треба платата за овие месеци, па потребно е што поскоро да се овозможи да им се исплати истата на нивните сметки.

„За тоа бараме најитно од УЈП, блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат овој тежок период за нив и нивните семејства“, велат од ССМ во својот писмен допис до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години