07 Мај, 2024
0.0240

Се подготвуваат дигитални возачки дозволи

Објавено во: Стил 18 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Голем дел од луѓето со себе носат пластифицирани документи.

Наскоро во дигитален облик може да помине возачката дозвола. Агенцијата за доделување на возачки дозволи во Велика Британија, размислува за дигитални возачки дозволи кои ќе можат да се користат на  iPhone уредите.

Смартфоните полека ги заменуваат сите уреди, музички плеер, фотоапарат, навигациски уреди и компјутер. Дигиталната возачка дозвола нема целосно да ги замени хартиените документи, кои се уште ќе се издаваат. Агенцијата ја тестира дигиталната возачка преку апликацијата Apple Wallet на iPhone, која служи за меморирање на сметки од банкарски картички, картички за попусти, итн.