01 Мај, 2024
0.0256

Се продава парче од свадбената торта на Доналд Трамп и Меланија

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Парче од свадбената торта на Доналд и Меланија Трамп ќе биде ставено на аукција во Лос Анџелес. Организаторот на настанот е аукциската куќа Џулиен.

Наддавањето започнува од 250 долари, а организаторите очекуваат дека сумата за тортата ќе се зголеми помеѓу 1000 и 2000 долари.

Торта има вкус како чоколаден тартуф  и е покриена со бел фондан. Всушност, аукциската торта е минијатуризирана верзија на вистинската свадбена торта од 2005 година, кога се венчаа Доналд Трамп и Меланија. Цената на тортата изнесуваше 50.000 долари, а потребни се околу два месеци за да се направи истата.

Претседателската двојка им дала на секој од гостите вкусна копија од десертот.

Еден од гостите одлучил парчето да го задржи како спомен, а потоа да го продаде.