Се разрешуваат првите луѓе на скопските клиники
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017
Со името на Милан Ристески почнаа кадровските смени на скопските клиники.
Ристески е разрешен од директорското место на Клиниката за онкологија и радиотерапија, a на негово место доаѓа Нино Васев.
Оваа смена е извесно дека доаѓа по крвавиот четврток каде погоре спомнатиот директор беше учесник во инцидентите кога беа претепани пратеници во Собранието, а Ристески беше дел и од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“
Според пишувањата на дел од медиумите следна за разрешување ќе биде директорката на Клиниката за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега.
На нејзино место неофицијално ќе седне доктор Викторија Јовановска.