СЕ ШИРИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Внимавајте да не ве ограбат во Грција
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2017
Предупредување се шири на Фејсбук во кое се опоменуваат туристите да внимаваат во Грција да не бидат ограбени.
На Фејсбук станицата „Nikana", се објавени повеќе дестинации каде веќе имало кражби.
Со помош на мали уреди ограбени се автомобили на паркинзи на повеќе плажи.
Се наведува дека кражби има пред големи супермаркети и трговски центри.
На туристите им се советува да проверат дали автомобилите им се заклучени пред да се оддалечат, а вредните работи да ги остават во хотел или апартманот каде се сместени.