Се урна нов авион со 189 патници
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2018
Авиопн на индонезиското воздухопловство се урна со 189 патници во близина на островот Суматра. Воздухопловот полетал од Џакарта и пријавил дека сака да се врати, а откако му било дозволено да го стори тоа, се губи секаков контакт со екипажот.
Станува збор за патнички авион на „Лајон Ер“ на домашната линија од Џакарта до Пангкал Пинанг.
Засега не е познато дали има преживеани по падот во морето, кој се случил по само 13 минути по полетувањето.
Авионот бил од типот „Боинг 737 Макс 8“, кој бил произведен пред само неколку месеци, а на авиокомпанијата и бил доставен во август. Моделот 737 Макс 8 важеше за замена на претходникот 737-800.
„Лајон Ер“ е нискотарифна компанија, која брзо се развива. Пилотите имале 11.000 часови искуство, а временските прилики биле одлични за летање. Ова е втора катастрифа за „Лајон Ер“ во Индонезија, по уривањето на авион со 25 патници кај Јава во 2004-та. Овов авиопревозник имаше забрана за работа од Европската унија од 2007 до 2016-та.
„Не можеме да ви дадеме подетални информации“, им изјави на новинарите директорот на „Лајон Ер“ Едвард Сирајт. Индонезија има околу 17 илјади острови кои главно се поврзани со воздушен сообраќај.