Се запали македонски автобус на пат кон Халкидики
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2017
Македонски автобус со туристи утрово се запали во Грција на пат кон Халкидики.
Во пожарот нема повредени патници.
Тие успеале безбедно да се извлечат од автобусот пред тој целосно да изгори, пишуваат грчките медиуми. Имало околу 30 македонски туристи, кои со друг автобус го продолжиле патот.
Петнаесет пожарникари и пет возила го гаснеле пожарот, за кој засега не се знае од што е предизвикан.