27 Април, 2024
0.0395

Се зголемил бројот на стари лица во Македонија - потврдува Еуростат

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Лани во Македонија имало 46.125 лица на возраст од 80 и повеќе години, информираше денеска Европската канцеларија за статистика (Еуростат).

Од нив 59,8% биле жени. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, процентуално оваа бројка на луѓе изнесувала 2,2 проценти од вкупната популација во земјата. 

Според податоците што денеска ги објави Еуростат, по повод Меѓународниот ден на постарите лица, кој се слави секоја година на 1-ви октомври, бројот на живи лица на 80 и повеќе години во 2005 година во Република Македонија изнесувал 30.251 лице или 1,5% од вкупната македонска популација, што покажува зголемување на процентот на овие постари лица за 0,7%.

Лани скоро 27 милиони луѓе на возраст од 80 или повеќе години живееле во Европската унија, што е за седум милиони повеќе отколку во 2005 година. Зголемување и во нивниот апсолутен број е забележан и во вкупното население во речиси секоја земја-членка на ЕУ. Зголемениот процент на стари лица во ЕУ, од 4% во 2005 година на 5,3% во 2015 година, значи дека минатата година еден на секои 20 луѓе кои живеат во ЕУ бил на возраст од 80 или повеќе години.

Според процентите, најмногу лица на 80 и повеќе години се забележани во Грција (6,5% од вкупниот број на населението), Шпанија (5,9%) и Франција (5,8%), додека во апсолутни бројки најмногу живи лица на 80 и повеќе години во 2015 година имало во Германија (4,5 милиони), Италија (3,9 милиони лица) и Франција (3,8 милиони).


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“