Сеад Кочан како да „пропадна во земја“-МВР не може да го најде
Објавено во: Македонија 13 Април, 2017
Веќе 36 дена бизнисменот Сеад Кочан го нема никаде.
МВР не може да му влезе во трага, а на јавноста и се достапни премалку информации кои се штури.
Адвокатот на Кочан упорно тврдеше дека неговиот клиент е на службен пат, но како што минува времето овие тврдења се повеќе изгледаат невистинити.
СЈО го сомничи сопственикот на ТВ Нова за проневера на 17 милиони евра, заедно со сопственици и управители на уште три компании.. Инаку неговата Трансмет е фирма која последните години има учествувано на многу јавни тендери.
По Сеад Кочан се трага со меѓународна потерница.