06 Мај, 2024
0.0260

СЕАД КОЧАН НИКАДЕ ГО НЕМА: Oд МВР ништо ново-СЈО и Врховен со препукувања околу притворот

Објавено во: Македонија 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од месец дена органите на прогонот трагаат по бизнисменот Сеад Кочан.

МВР без информации за јавноста и со штури одговори за медиумите дека немаат нови дополнителни информации околу потрагата на Кочан.

Апелација го одобри притворот на Кочан по единствена основ, опасност од бегство, што беше и очекувано, а бизнисменот официјално ја напуштил земјава на 9 март во 13,53 часот. 

Јанева не се отажува од притворот за Кочан и покрај обидите на институциите да го спасат осомничениот бизнисмен

Притворот на сопственикот на НОВА ТВ,  отвори директен фронт на специјалната обвинителка Катица Јанева со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и со државниот обвинител Марко Зврлевски.

Специјалната обвинителка побара првиот човек на Врховен Јово Вангеловски да биде изземен од случајот со притворот на осомничениот Кочан, бидејќи и самиот Вангеловски е дел од прислушуваните материјали, па со тоа е доведена во прашање неговата непристраност.

„Стравувањата околу непристрасноста на судијата Вангеловски се засноваат врз јавно објавениот разговор со екс министерот Јанакиески за случајот „Глобал“, а во време кога е претседател на Врховниот суд. Овој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски да постапува по ваков тип на предмети, поради постоење на реална опасност од неговата претходна заинтересираност за решавање на предметот во определена насока, пишува обвинителката Катица Јанева во Барањето за изземање.

Не се откажува ниту Јово Вангеловски-сака тој да одлучува за притворот

Претседателот на Врховен суд одбива да се повлече и сака да одлучува за „Барањето за заштита на законитоста“ за притворот на бизнисменот Сеад Кочан поднесено од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

Макфакс објави документи кои покажуваат дека Вангеловски подготвил реферат насловен „Дали доказите прибавени на незаконит начин можат да бидат употребени во судска постапка“, во кој на колегите-судии им објаснува дека во Законот за СЈО не е предвидено Обвинителството на Јанева да бара повлекување на овој вонреден правен лек, а притоа не наведува она што е поважно-дека единствено надлежно за предметот е Специјалното јавно обвинителство.

СЈО потврди дека Врховниот суд бара информација за изземање на судија, но нема да му одговорат

Од кабинетот на СЈО вчера соопштија дека барањето што Врховниот суд на Република Македонија минатиот четврток го испратил до Специјалното јавно обвинителство се однесувало на информација поврзана со барање за изземање на судија од овој суд.

Од Специјалното јавно обвинителство нема да испратат одговор на барањето од Врховниот суд, за, како што велат оттаму, да не се влијае на исходот од постапката.

„Во согласност со Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејство е прибавувањето изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кој е барано изземањето, ова јавно обвинителство нема да обезбеди одговор за да не се влијае на исходот на постапката“, стои во соопштението на СЈО.

Дали Вангеловски ја прераспределил Неделкова затоа што и се паднал предметот на Кочан?

Предметот за Кочан, со кој обвинителот Марко Зврлевски бара укинување на притворот и враќање на предметот на повторно одлучување, со електронска распределба на предметите се паднал кај експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова. Но, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски неа ја тргнал од Кривичниот совет на Врховниот суд, веднаш штом се изјаснила дека Зврлевски не е надлежен за овој случај, бидејќи тоа е случај на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева, пишуваа медиумите пред неколку дена.

Вангеловски направил измена во новиот распоред кој штотуку го донесе само кај Неделкова. Иако таа е судија кривичар,тој ја извадил од Кривичниот оддел, ја ставил претседател во одделот за судска пракса, член во граѓанскиот и во одделот за судење во разумен рок. Сега Кривичниот совет сосе Вангеловски брои четворица граѓански и само еден судија кривичар. Претходно беше составен од пет врховни судии – кривичари.

Кочан е осомничен во случајот Труст за проневера на 17 милиони евра, заедно со сопственици и управители на уште три компании.. Инаку неговата Трансмет е фирма која последните години има учествувано на многу јавни тендери.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид