27 Април, 2024
0.0287

СЕГА Е И ОФИЦИЈАЛНО: Познатиот бизнисмен Антони Пешев ќе биде член на НО на Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

И официјално познатиот бизнисмен Антони Пешев станува член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

За тоа оваа банка ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Спогласност Пешев да биде член на НО на Стопанска банка Битола дала и Народната банка.

„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на Одлука од Собрание на акционери од 30.10.2023 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија од 22.1.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Антони Пешев“, се вели во известувањето кое банката го испрати преку Берзата. .

Тој е именуван со мандат од четири години, како независен член на Одборот на директори на банката.

Претходно, пак, од банката информираа дека на именувани членови на Надзорниот одбор ќе им се исплаќа месечен нето износ од 50 илјади денари, како надоместок за учество и работа на седниците, како и јавни давачки во согласност со закон.

„На именуваниот член на надзорниот одбор кој ќе биде избран за претседател на Надзорниот одбор, ќе му се исплаќа месечен нето износ од 60 илјади денари, како надоместок за улество и работа на седниците, како и јавни давачки согласно закон“, навеле од банката.

На членови на Надзорниот одбор кои живеат надвор од седиштето на банката, односно надвор од Битола, ќе им се исплатува и надоместок во висина на трошоци за патување и сместување, по претходно приложени фактура или друга сосдветна документација. 

Како што веќе објави Фактор, на почетокот на овој месец, акционери од Стопанска банка Битола предложија Антони Пешев, истакнат македонски стопанственик, да биде член на Надзорниот одбор на таа банка. 

„Ние како акционери доставуваме предлог за номинирање на м-р Антони Пешев за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлогот го темелиме на неговото богато професионално искуство, кариерен развој во различни области од општествено економското опкружување, со потврдено знаење и репутација. Сметаме дека овој кандидат со своето занење и искуство ќе придонесе за успешна работа и развој на Надзорниот одбор на банката“, наведоа акционерите во своето образложение.

Антони Пешев е роден во 1962 година. Од 2021 до денес е Извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија, од 2015 – 2021 Претседавач со Собранието на Стопанска комора на Македонија, од 2014 - 2017 Претседател на Деловниот совет (BC) на УАЦС – Универзитетот Американ колеџ Скопје (UACS University American College Skopje), Претседател на Деловниот совет (BC) на факултетот за компјутерски науки и информатика, како и бројни други истакнати општествени и економски функции.

Како што е познато, неодамна од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола оставка поднесе Миле Зечевиќ, кој е генерален секретар на СДСМ.

Стопанска бнка Битола и Комерцијална банка неодамна објавија дека влегуваат во постапка на присоединување.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра