АНТОНИ ПЕШЕВ ДА БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БИТОЛА, ПРЕДЛАГААТ ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ - неодамна оставка поднесе Миле Зечевиќ
Објавено во: Финансии 07 Октомври, 2023 13:03
Акционери од Стопанска банка Битола предлагаат Антони Пешев, истакнат македонски стопанственик, да биде член на Надзорниот одбор на таа банка.
Акционерите што оваа го предлагаат заедно имаат 5,25 отсто од акциите на Стопанска банка Битола, а бараат овој предлог да биде прифатен на Собрнието на акционери на банката што ќе се одржи на 30 октомври во Битола.
Станува збор за акционерите Трајан Масалковски кој има 19.501 акција, како и фирмата Јорго ДООЕЛ, со 1.000 акции.
„Ние како акционери доставуваме предлог за номинирање на м-р Антони Пешев за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлогот го темелиме на неговото богато професионално искуство, кариерен развој во различни области од општествено економското опкружување, со потврдено знаење и репутација.
Сметаме дека овој кандидат со своето занење и искуство ќе придонесе за успешна работа и развој на Надзорниот одбор на банката.
Антони Пешев е роден во 1962 година.
Од 2021 до денес е Извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија, од 2015 – 2021 Претседавач со Собранието на Стопанска комора на Македонија, од 2014 - 2017 Претседател на Деловниот совет (BC) на УАЦС – Универзитетот Американ колеџ Скопје (UACS University American College Skopje), Претседател на Деловниот совет (BC) на факултетот за компјутерски науки и информатика, како и бројни други истакнати општествени и економски функции.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




